За покажан среден прст на полицаец возач ќе плати казна од 5000 евра

пред 2 години

Судот во германскиот град Пасау, на еден возач му изрече казна од 5000 евра затоа што му покажал среден прст на полицаецот кој со радар го фатил како ја надминува дозволената брзина. Полицијата веднаш му поднела пријава за навреда на државен орган.

var ai_script = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_viewport (ai_script [ai_script.length – 1]);

Истражната постапка против него траела девет месеци, по што следело судењето. На почетокот поднел жалба, но потоа ја прифатил казната.

Напишал и писмо со извинување, а полицијата во соопштението рече дека казната би можела да биде и подраконска. За потсетување, во Германија, за навреда на државен орган предвидена е и затворска казна до година дена.

 

Share
Scroll to Top