Зголемен број пребарувања „дали можам да го променам својот глас“ на изборите во САД

пред 4 години

На помалку од една недела од трката меѓу претседателот Доналд Трамп и неговиот предизвикувач од Демократската Партија, Џо Бајден, се чини дека многу Американци кои гласаа предвреме се обидуваат да го сменат своето мислење – и на некои места, можеби ќе можат да го сторат тоа, пренесува РТ.

Очигледно, бројот на пребарувања за „дали можам да го променам својот глас“ масовно се зголеми по последната претседателска дебата минатата недела и е во постојан пораст, објави „Фокс‘френдс“ во вторникот. Трамп, кој е љубител на утринската емисија за вести, побрза да твитне за тоа и рече дека овој тренд „се однесува [на] промена за мене“.

„Одговорот во повеќето држави е ДА. Одете и направете го тоа!“,  ги повика тој гласачите.

Ник Флор, професор по медиуми на Универзитетот во Њу Мексико, ја гледал истата емисија и направил свое истражување, создавајќи вистински графикон што го покажува скокот во пребарувањата.

Подоцна тој се спротивстави на тврдењата дека ова се случува на секои избори, објавувајќи друг графикон кој покажа голем скок во 2016 година, но сепак помал од сегашниот.

Додека пребарувањето е популарно во Аризона, Тенеси и во Вирџинија, има лоши вести за гласачите во тие држави – тие всушност не можат да го променат својот глас по гласањето. Но Мичиген, Минесота, Вашингтон и Висконсин имаат закони што им дозволуваат на нивните граѓани да ги поништат ливчињата по пошта и да гласаат лично.

Во Висконсин, Државната изборна комисија испрати меморандум во понеделникот, велејќи дека многу гласачи се јавиле со барање да ги променат или откажат своите дадени гласови. Државниот закон дозволува три шанси за откажување на гласачкото ливче.

Портпаролот на изборната комисија во Висконсин, Рид Магни, ги повика гласачите кои сакаат да ги сменат своите гласачки ливчиња да не чекаат до последната секунда, велејќи дека може да потрае „до седум дена за службеникот да ви испрати ново гласачко ливче“.

Многу американски држави го проширија гласањето по пошта оваа година, повикувајќи се на загриженост поради пандемијата на Ковид-19. Раното испраќање по пошта и личното гласање веќе се одвиваше на многу места до моментот кога Трамп и Бајден излегоа на последната дебата на 22 октомври.

Share
Scroll to Top