Зелена мамба побегна во Холандија. „Тaa e исклучително отровна, останете дома“

Зелена мамба побегна во Холандија. „Тaa e исклучително отровна, останете дома“

пред 5 месеци

Екстремно отровна зелена мамба долга два метри побегна од заробеништво во Холандија, објави полицијата, предупредувајќи ги жителите да останат дома и под никакви околности да не се обидуваат да ја фатат змијата.

Полицијата во јужниот град Тилбург соопшти дека сопственикот на мамбата синоќа ги предупредил дека една од змиите исчезнала.

Полицијата објави фотографија.

„Змијата е многу опасна. Каснувањето на зелената мамба е исклучително отровно. Во случај на каснување важно е веднаш да се побара лекарска помош“, соопштија од полицијата.

Тие исто така истакнаа дека зелената мамба нема да нападне без причина и дека е малку веројатно ладнокрвниот рептил да излезе на отворено во студената холандска зима.

„Тој сака темни и топли простори. Доколку ја најдете, ќе биде многу пасивна“, се вели во полициското соопштение.

Текстот Зелена мамба побегна во Холандија. „Тaa e исклучително отровна, останете дома“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top