Зеленски бара француските компании да ја прекинат работата во Русија

пред 3 години

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека разговарал со британскиот премиер Борис Џонсон, кој го уверил во неговата поддршка пред самитите на НАТО, Г7 и ЕУ.

„ Добив уверување за неговата (на Џонсон) поддршка пред утрешните важни состаноци. Разговаравме за текот на непријателствата и помошта во одбраната на Украина“, напиша Зеленски на Твитер.

Во своето обраќање пред францускиот парламент претходно, тој ги повика француските компании да ја напуштат Русија.

„ Рено, Ошан, Лерој Мерлин и другите мора да престанат да ја спонзорираат руската воена машина. Мора да престанат да финансираат убиства на жени и деца“, им рече Зеленски на француските пратеници.