Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, по испораката на холандскиот авион Ф-16, изјави дека е благодарен на Холандија и на премиерот Марк Руте бидејќи тие се една од водечките земји за поддршка на Украина.
„Благодарам на Холандија и Марк Руте за начинот на кој ја покажаа својата поддршка за Украина. Денеска е пресвртница – пет холандски Ф-16 веќе пристигнаа во центарот за обука во Романија. Ќе продолжиме да работиме заедно и ќе го дочекаме најбрзото пристигнување на Ф-16 на небото над Украина“, рече Зеленски на платформата Х (Твитер).
Денеска Холандија испрати во Романија пет борбени авиони Ф-16, кои ќе се користат за обука на украински пилоти.
Текстот Зеленски: Благодарен сум на Холандија и на премиерот Руте за испораката на авионите Ф-16 е превземен од МАКФАКС.