Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика европските лидери на самитот во Брисел да дозволат отворање на пристапните преговори со неговата земја со порака дека „не е време за двоумење“.
„Не давајте му ја на Путин оваа прва – и единствена – победа годинава“, рече Зеленски.
Тој оцени дека не е време за полумерки или за двоумење.
„Денес е ден на политичка одлука како одговор на постигнатото. Станува збор за отворање на пристапните преговори со Украина“, рече Зеленски, кој преку видеоврска присуствуваше на самитот во Брисел.
Текстот Зеленски ги повика лидерите на ЕУ да ги отворат пристапните преговори со Украина е превземен од МАКФАКС.