Зеленски го обвини Путин за убиство на Навални: не му е гајле кој ќе умре сè додека функцијата му е безбедна

Зеленски го обвини Путин за убиство на Навални: не му е гајле кој ќе умре сè додека функцијата му е безбедна

пред 2 години

Украинските власти жестоко го обвинија рускиот претседател Владимир Путин за смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е очигледно оти Алексеј Навални бил убиен од Путин. Зборувајќи од Германија, Зеленски рече дека на Путин не му е гајле кој ќе умре сè додека неговата позиција на шеф на државата е сигурна.

Зборуваше и Андриј Јермак, шефот на претседателскиот кабинет.

„Путин е најголемото зло кое се плаши од каква било конкуренција. За него животот на Русин не е ништо. Со него не може да има преговори бидејќи единствениот јазик што го разбира е силата“, напиша Јермак.

Алексеј Навални почина во казнената колонија број 3 во селото Харп во автономниот округ Јамало-Ненец.

Одделот на Федералната казнена служба на автономниот округ Јамало-Ненец соопшти дека по прошетката се чувствувал лошо и изгубил свест, а лекарите кои пристигнале во затворот можеле само да констатираат смрт.

Текстот Зеленски го обвини Путин за убиство на Навални: не му е гајле кој ќе умре сè додека функцијата му е безбедна е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top