Зеленски го повика Западот да се договори за ембарго на руската нафта

пред 2 години

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Западот да се договори за ембарго на руската нафта бидејќи војната во Украина влегува во својата шеста недела.

Во своето обраќање, Зеленски рече дека Москва заработува толку многу пари од извозот на нафта што не мора сериозно да ги сфаќа мировните преговори и го повика демократскиот свет да се држи настрана од руската нафта.

Зеленски, исто така, рече дека ќе продолжи да инсистира руските банки да бидат целосно блокирани од меѓународниот финансиски систем.

„Единственото прашање е уште колку Украинци, уште колку Украинки, руската армија ќе има време да убие, за вие, одредени политичари – и ние знаеме кои сте – да најдете одредена решителност“, порача Зеленски.

Share
Scroll to Top