Американскиот водител Такер Карлсон остро ја критикува одлуката на претседателот на Украина, Володомир Зеленски, да ја забрани партијата Опозициска платформа за живот.
На 20 март Зеленски нареди прекин на активностите на 11 политички партии наводно поврзани со Русија. Најголема од нив е Опозициската платформа за живот, која има 44 од 450 места во украинскиот парламент.
Водителот го нарече Зеленски диктатор.
„Дури и во 2022 година вистинската демократија е ретка работа насекаде. Во повеќето земји сè уште владее некаква диктатура, како и да ја нарекуваат, а тоа ги вклучува и блиските американски сојузници. На ум ми доаѓаат кралствата Јордан и Саудиска Арабија, но има и други. Патем, да не бидеме моралисти за ова. Очигледно би сакале демократија секаде во секоја земја, но ние сме Американци, веројатно е губење време премногу да се мешаме во внатрешните работи на другите земји. Тешко е да се сменат“, смета Такер.