Зеленски: За спас на Мариупол потребно ни е многу оружје од нашите партнери или помош за преговори

пред 2 години

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека разговарал со лидерите на Обединетото Кралство и Шведска за тоа како најдобро да им се помогне на оние што го бранат Мариупол и десетиците илјади цивили заробени во опколениот град.

Судбината на Мариупол може да се реши или со борби или со дипломатија, рече тој: „Или нашите партнери веднаш да ѝ го дадат на Украина целото неопходно тешко оружје, вклучувајќи и авиони за да можеме да го намалиме притисокот на окупаторите врз Мариупол и да ја пробиеме блокадата. Или тоа го правиме преку преговори, во кои улогата на нашите партнери треба да биде одлучувачка“.

Share
Scroll to Top