Зеленски: Милиони наши луѓе постојано се докажуваат како херои

пред 4 години

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се огласи на социјалните мрежи, каде рече дека милиони Украинци секој ден се докажуваат како херои.

– Милиони наши луѓе постојано се докажуваат како херои. Некогаш – обични Украинци, а сега – борци“, рече Зеленски.

Тој рече дека мажите и жените застануваат во одбрана на државата. Насекаде: на југ, на исток, на север, во центар, на запад и во странство.

– Се креваат за да не верува непријателот дека е тоа реално – напиша тој, со слики на украински граѓани од улиците.

Share
Scroll to Top