Зеленски: Мировниот процес 100 отсто треба да започне со прекин на огнот

пред 3 години

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ново видео обраќање до нацијата порача дека не може да започнат преговори со Русија пред да се договори прекин на огнот меѓу силите на Киев и Москва.

Зеленски одлучно рече дека завршувањето на војната значи целосен прекин на огнот.

„ Нашите дипломати работат и разговараат за некои точки од можниот дневен ред меѓу нас и Руската Федерација. Сакам тоа да се материјализира и процесот на завршување на војната, мировниот процес, да започне 100 отсто со прекин на огнот“, рече Зеленски.

Украинскиот лидер вели дека е отворен за разговори со рускиот претседател Владимир Путин, а за можноста за преговори во Ерусалим разговарал и со израелскиот премиер Нефтали Бенет.

Коментирајќи ги коментарите на Путин дека руските и украинските преговарачи постигнале одреден позитивен напредок, Зеленски вели дека „се радува што гледа сигнали од Руската Федерација. „ Во последните 12 години, никогаш не сум слушнал зборови за можноста за дијалог“ рече тој.

Зеленски претходно изјави дека руската армија претрпела најголеми загуби во последните неколку децении – тврдејќи дека 31 руски баталјон сега е онеспособен за борба.

Тој бара итно ослободување на градоначалникот на Мелитопол, кој наводно бил киднапиран од руските сили, велејќи дека разговарал за ова прашање со француските и германските лидери.

„ Ова е граѓанска војна. Ова е војна за нашата независност“, рече Зеленски.

Зеленски вели и дека Украина соработува со Европската комисија за забрзување на нејзиното членство во ЕУ.

Share
Scroll to Top