Зеленски му предложи на Путин да се сретнат во Донбас

пред 3 години

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, преку видео-порака го повика рускиот претседател Владимир Путин да се сретнат каде било во Донбас.

Зеленски изјави дека на сесијата на политички советници на „четворицата Нормани“ на 19 април за обновување на целосниот режим, за прекин на огнот и бил предложен состанок на контактната линија со цел подобро да се разјасни ситуацијата, пишува „Спутник“.

„ Одам таму секој месец. Господине Путин! Подготвен сум да одам чекор подалеку и да ве поканам да се сретнеме во кој било дел од украинскиот Донбас, каде што се води војната“, му рече Зеленски на претседателот на Русија.

Share
Scroll to Top