Зеленски: Нашата војска може да го одбие секој руски напад

пред 2 години

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска, по повод Денот на вооружените сили, изјави дека украинските вооружени сили можат да го одбијат секој руски напад.

„Припадниците на вооружените сили на Украина ќе продолжат да ја исполнуваат својата најважна мисија – да ја бранат слободата и суверенитетот на државата од рускиот агресор“, рече Зеленски во изјавата.

„Украинската армија верува во сопствената сила и може да спречи каков било план за освојување од страна на непријателот“, додаде тој.

Русија собра големи воени сили во близина на границата со Украина, но ги отфрла обвинувањата дека подготвува офанзива.

Украина денеска ја одбележува 30-годишнината од основањето на независна армија, откако во 1991 година прогласи независност од поранешниот Советски Сојуз.

По тој повод во Киев, Лавов и Одеса на јавноста ќе и бидат претставени американски воени возила „Хамви“. Во Одеса ќе се одржи свечено предавање на неодамна испорачаните патролните бродови на американската крајбрежна стража, што ќе ги зајакнат капацитетите на украинската воена морнарица.

Украина го повикува НАТО да го забрза нејзиното пристапување, но лидерите на НАТО бараат прво реформи и сузбивање на корупцијата.

Москва го предупредува Западот да не ги преминува црвените линии и да го запре ширењето на НАТО кон исток.

Share
Scroll to Top