Зеленски: Ова во Буча е геноцид, сакаат да не’ истребат

пред 3 години

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека извршила геноцид во Украина за да истреби цела нација, еден ден по откривањето на голем број тела на улиците на градот во близина на Киев, по повлекувањето на руските сили.

„Да, тоа е геноцид. Истребување на целата нација и народ“, рече Зеленски.

„Мајките на руските војници треба да го видат ова. Погледнете какви гом*ари сте пораснале. Убијци, крадци, касапи“, напиша тој на Фејсбук.

Зеленски исто така беше остар кон НАТО, велејќи дека Алијансата имала шанса да ја спречи руската инвазија.

Русија ги негира обвинувањата за Буча.

Share
Scroll to Top