Меѓународниот суд на правдата и нареди на Русија да ги запре воените дејствија што започнаа во Украина на 24 февруари.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја гледа ваквата пресуда како победа за неговата земја.
– Украина извојува целосна победа во спорот против Русија пред Меѓународниот суд на правдата – напиша Зеленски на Твитер.
– Наредбата е обврзувачка според меѓународното право. Русија мора веднаш да послуша. Игнорирањето на наредбата дополнително ќе ја изолира Русија – изјави украинскиот претседател.
Ukraine gained a complete victory in its case against Russia at the International Court of Justice. The ICJ ordered to immediately stop the invasion. The order is binding under international law. Russia must comply immediately. Ignoring the order will isolate Russia even further
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) March 16, 2022