Зеленски потпиша указ за санкции против Путин

пред 2 години

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска потпиша указ за воведување санкции против поединци, меѓу кои и рускиот претседател, Владимир Путин.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Во указот се наведени лицата против кои се воведуваат санкции, а на прво место е рускиот претседател.

На списокот се и рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рускиот премиер, Михаил Мишустин, рускиот министер за внатрешни работи, Владимир Колокољцев и други руски претставници.

Како што е наведено, санкциите се наметнуваат на неодредено време.

Списокот на мерки вклучува одбивање и укинување на визите, примена на други забрани за влез на територијата на Украина, конфискација на државни награди на Украина, блокирање на имот на територијата на Украина, доколку го има, ограничување на трговските операции, спречување на повлекување капитал од Украина…

Се воведуваат санкции и за 236 руски универзитети.

Share
Scroll to Top