Зеленски: Потребен е коктел од санкции, кој би останал запаметен како молотови коктели

пред 2 години

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во финскиот парламент дека е потребен „коктел од санкции, кој ќе биде запаметен исто како молотовите коктели“, за да се запре руската агресија.

Зеленски побара од Финска да покаже уште поголемо лидерство, велејќи дека тоа ќе биде најголемиот придонес за безбедноста на Европа, пренесува Си-Ен-Ен.

Тој рече дека на Украина и треба оружје што го имаат некои од партнерите во ЕУ, како и силни ефективни санкции против Русија на трајна основа.

– Мораме да размислиме како да ја заштитиме Европа од руското енергетско оружје. Уште колку Европа може да го игнорира воведувањето ембарго за испорака на нафта од Русија? – додаде Зеленски.

Share
Scroll to Top