Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека разговарал со канадскиот премиер Џастин Трудо.
– Разговарав со мојот пријател Џастин за соработката на Украина и Канада во областа на одбраната и како да се зголеми притисокот од санкциите врз Русија. Договорени се натамошни дипломатски чекори – рече тој.
Тој додаде дека Канада стои зад Украина.
„Ние тоа го чувствуваме секој ден“, рече тој.
Talked to my friend @JustinTrudeau about ???? defense cooperation and how to increase sanctions pressure on Russia. Agreed on further diplomatic steps. Canada stands with Ukraine. We feel it every day.
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) March 9, 2022