Зеленски: „Се е веќе решено“

пред 3 години

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска повторно се обрати и ги претстави најновите детали поврзани со ситуацијата во Украина, пренесуваат регионалните медиуми.

Според написите, Зеленски укажал на подготвеноста на Украинците да ја бранат својата земја.

„Подготвеноста на Украинците да ја бранат својата земја, нашата солидарност и храброст едни со други – го прекина сценариото за окупација на нашата земја. Светот виде дека Украинците се моќни. Украинците се храбри. Украинците се во својата татковина и никогаш нема да се откажат од тоа. Изненадувачки е што таквите луѓе секогаш имаат пријатели помоќни од непријатели“, рече тој.

Зеленски истакнал и дека во текот на денот разговарал со лидерите на пријателите на Украина.

„Резултатот е извонреден во односите со Италија. Ова е навистина ново поглавје за нашите земји. Разговорот со Марио Драги, премиер на Република Италија, стави се на свое место“, рече Зеленски, нагласувајќи дека добил и целосна поддршка од Нарендра Моди, премиер на Индија.

„Му се заблагодарив и на мојот пријател и на нашиот пријател Реџеп Таип Ердоган. За неговата континуирана поддршка на нашата независност и територијален интегритет. Се согласивме со него дека е исклучително важно денеска да се забрани влезот на руските воени бродови во Црното Море. Добар пријател на Украина е Илхм Алиев, претседател на Азербејџан, со кого разговарав дека на нашата земја и недостигаат нафта и нафтени деривати. Не е лесно, но сега се ќе биде. Инаку Илхам Алиев и претседателот Ердоган понудија разговори со Русија. Ова може само да биде поздравено. И, исто така, претседателот на Швајцарија, премиерот на Грција, премиерот на Холандија. Се чини дека Украина ја доби искреноста и вниманието на целиот нормален свет,“ заклучил тој и нагласил дека се е веќе одлучено за „SWIFT“.

„Почна процедурата за исклучување на рускиот агресор од платниот систем“, кажал украинскиот претседател.

Share
Scroll to Top