Зеленски ги разреши од должноста првиот помошник и тројца советници

Зеленски се огласи по бруталните напади врз Украина: „Светот не треба да молчи за тоа што го прават Русите“

пред 6 месеци

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се огласи на каналот Телеграм по еден од најжестоките напади врз Киев од почетокот на војната во Украина.

„Светот не треба да молчи за руските напади низ Украина во кои загинаа најмалку 20 луѓе“, рече Зеленкси.

Тој исто така додаде дека детската болница, која беше погодена во нападот, е една од најважните медицински установи во земјата.

„Русија треба да одговара за сите злосторства врз луѓето, децата и човештвото. Многу е важно светот да не молчи за ова, сите да видат што прави Русија“, рече тој.

Да потсетиме, во нападот на Киев утринава загинаа најмалку седум лица, а неколку се повредени.

Во нападот беше погодена и најголемата детска болница во Украина, а евакуацијата на пациентите се уште трае.

Текстот Зеленски се огласи по бруталните напади врз Украина: „Светот не треба да молчи за тоа што го прават Русите“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top