Зеленски стигна на самитот во Брисел: „Не сме сами и тоа го чувствуваме, ви благодарам“

Зеленски стигна на самитот во Брисел: „Не сме сами и тоа го чувствуваме, ви благодарам“

пред 9 месеци

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на самитот за Украина и европската одбрана во Брисел. По пристигнувањето, тој им се заблагодари на лидерите на Европската унија за силната поддршка што и ја дадоа на неговата земја.

„Во текот на целиот овој период, вклучително и минатата недела, бевте со нас“, рече Зеленски по пристигнувањето на самитот во Брисел.

„Ние не сме сами, и тоа не се само зборови, ние тоа го чувствуваме“, додаде тој.

Претседателот напомена и дека европските лидери испратиле силна порака до украинскиот народ, кој тоа го цени.

Текстот Зеленски стигна на самитот во Брисел: „Не сме сами и тоа го чувствуваме, ви благодарам“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top