Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека благодарение на поморските беспилотни летала, Украина го презела Црното Море од Русија, принудувајќи ја да ги повлече своите воени бродови.
„За прв пат во светот на Црното Море почна да оперира флота од поморски беспилотни летала – украинската флота“, напиша Зеленски на Телеграм. „Успеавме да ја преземеме иницијативата од Русија за Црното Море“, додаде тој.
Зеленски рече дека од почетокот на инвазијата на Украина во февруари 2022 година, Москва ги блокира украинските пристаништа на Црното Море и ја оштетува нејзината инфраструктура, што го нарушува глобалниот пазар на храна. Но, тврди украинскиот претседател, оттогаш Украина ги нарушува односите на моќта. Тој им се заблагодари на Турција, Бугарија, Романија и Молдавија, земји кои се на Црното Море или во негова близина, за нивната поддршка.
„Успеавме да покажеме дека соработката на земјите од црноморскиот регион, со поддршка на партнерите, може да ја врати стабилноста на светскиот пазар на храна“, рече тој на средбата на претставниците на земјите од тој регион. „Постигнавме таква заштита на западниот дел на Црното Море, што сега овозможува функционирање на нашите морски извозни коридори“, додаде тој, нагласувајќи го новото значење на Дунав.
Текстот Зеленски: Украина го презеде Црното Море од Русија, ја принуди да ги повлече своите воени бродови е превземен од МАКФАКС.