Во обраќањето рано наутро, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Украина е подготвена да помогне во спроведувањето на прекинот на огнот во фабриката за челик Азовствал за да се извлечат луѓето.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Се проценува дека околу 200 цивили останале внатре во објектот во Мариупол. Русија соопшти дека ќе ја прекине воената активност во текот на денот меѓу четврток и сабота за да им дозволи на луѓето да си заминат. Повеќе од 100 лица беа евакуирани за време на викендот.
„Ќе биде потребно време за луѓето да излезат од овие подруми, од овие подземни засолништа. Во сегашните услови, не можеме да користиме тешка опрема за да ги отстраниме урнатините. Сè треба да се направи на раце“, рече Зеленски.