Зеленски утре ќе се обрати во британскиот парламент

пред 3 години

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утре во 18 часот ќе одржи говор пред британските пратеници.

Изјавата, која ќе биде дадена преку видео врска, вечерва ја потврди и претседателот на Претставничкиот дом на британскиот парламент, Сер Линдзи Хојл.

– Нема крв на нашето знаме. Нема да има црни дамки, нема да има свастики. Украинското знаме е земја, мирна, плодна, златна без тенкови. Ова небо е мирно, чисто и сино без ракети. Така беше и порано, така ќе биде – рече Зеленски денеска во своето обраќање преку Фејсбук.

Тој рече дека отпорот на Украина одлучува за иднината на Европа и ги повика западните лидери да му дадат воени авиони.

Share
Scroll to Top