Зеленски ќе се сретне со Путин кoга ќе победиме на источниот фронт, вели неговиот советник

пред 2 години

Советникот на украинскиот претседател вели дека Володомир Зеленски може да се сретне со Путин, но само откако ќе ја добие војната во источна Украина.

„Украинскиот претседател најверојатно ќе се сретне со рускиот претседател дури по очекуваната голема битка за источниот регион Донбас“, изјави советникот на украинскиот претседател, Михаил Подољак.

„Украина е подготвена за големи битки“, рече Подољак во изјава за телевизија.

„Мора да ги добиеме таквите битки, особено во Донбас. И после тоа Украина ќе добие посилна преговарачка позиција, од која може да диктира одредени услови. Тогаш претседателите ќе се сретнат. Тоа можеби ќе потрае две или три недели“, рече тој.

Украинските власти соопштија дека очекуваат голема руска офанзива во Донбас. Русија најави промена на воената стратегија со фокус на истокот на земјата.

Share
Scroll to Top