Земан не прифаќа дека Русија е виновна за експлозиите во Врбетице

пред 4 години

Внатрешното превирање во Чешката Република околу експлозиите во складиштето за муниција во 2014 година не покажува знаци на смирување, а претседателот Милош Земан одбива да ги прифати заклучоците на службата за безбедност на Прага дека е виновна Русија, пренесува РТ.

Спорот сега стана толку интензивен што и премиерот на земјата, Андреј Бабиш, и министерката за правда, Мари Бенесова, тргнаа во напад против Земан.

Во октомври и декември 2014 година се случија експлозии во складиштата за оружје во Врбетице, при што загинаа две лица. Минатиот месец, првиот вицепремиер на Чешка, Јан Хамачек, обелодени дека властите веруваат оти двајцата мажи, наводно одговорни за експлозиитеработат за руските воени разузнавачки служби.

По ова, Прага протера 18 руски дипломати, пред подоцна да објави дека Руската амбасада во главниот град ќе биде намалена за да одговара на големината на чешката делегација во Москва.

Сепак, и покрај заклучоците на разузнавачките служби, чешкиот претседател не е убеден во вината на Русија. Земан во неделата изјави за радиото „Фреквенце 1“ дека не е убеден оти има само едно објаснување за експлозиите, истакнувајќи дека не верува во службата за безбедност и информации. Тој посочи дека инцидентите биле исценирани за да се прикрие недостигот од оружје.

Како одговор на коментарот на Земан, Бабиш објасни дека постои само една теорија за тоа што се случило. Бенесова исто така го поддржа премиерот, истакнувајќи дека Чешка има само една теорија, обвинувајќи ги руските воени разузнавачки служби.

Москва негираше каква било вмешаност, а портпаролот на Кремљ,Дмитриј Песков, ги нарече обвинувањата провокативни и непријателски.

Share
Scroll to Top