По две години отсуство на корона вирусот, некои земји од Пацификот ненадејно наидоа на експлозија во голем број случаи, за што се верува дека е „виновен“ сојот омикрон, објави Гардијан.
Кирибати, Самоа, Палау и Соломонските Острови се сретнаа со короната во последните три недели, и секој имаше свој пристап кон стратегијата за справување.
Некои воведоа строги мерки, додека други се потпираа на високи стапки на вакцинација.
Ковид пристигна во Кирибати пред две недели, кога две третини од патниците во авионот од Фиџи, кој беше прв меѓународен лет што дојде по 10 месеци, беа позитивни на Ковид и оттогаш еруптираше жариштето.
До петок, островската држава имаше 201 случај на корона, а вирусот се шири.
Првиот случај на зараза во Палау е забележан на 10 јануари, а две недели подоцна, до четврток, Министерството за здравство објави дека 800 лица во земјата од само 18.000 жители се разболеле.
Здравствените експерти и тамошната влада ја отфрлија идејата за карантин, бидејќи се надеваат на висока стапка на вакцинација од 96 отсто од луѓето кои се медицински способни да се вакцинираат.
Првиот случај на инфекција во заедницата на Соломонските Острови беше забележан на 19 јануари, а 12 часа подоцна, таа земја забележа повеќе од 100 заразени и 24 часа подоцна, 50 медицински сестри од најголемата државна болница беа позитивни.
Во Самоа, земја која загуби повеќе од 20 отсто од своето население за време на пандемијата во 1918 година, а неодамна и 83 бебиња и деца во епидемијата на сипаници пред три години, доаѓањето на ковид предизвика паника.
Бројките почнаа бавно да растат бидејќи 10 патници беа позитивни по пристигнувањето од Австралија на 19 јануари.