Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди Турција.
Според ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот бил измерен на 53 километри североисточно од градот Баликесир и 13 километри југоисточно од областа Гонен.
Епицентарот е измерен на длабочина од 13 километри.
Засега нема информации за повредени лица и материјална штета.
„Се тресеше десет секунди“, „Навистина се тресеше“, „Имам чувство дека беше посилно од 4,8 степени“, ги споделија граѓаните своите впечатоци.
Текстот Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција е превземен од МАКФАКС.






