Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Хрватска, соопшти ЕМСЦ.
Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, на 69 километри од Загреб и 10 километри од Копривница.
Засега не се знае дали има материјална штета.
Како што објавија хрватските медиуми, силниот земјотрес бил почувствуван во северозападна Хрватска во 8 часот и 43 минути.
Првиот човек на општина Рашиња вели дека во моментот на земјотресот бил во својот автомобил и не почувствувал ништо. Сепак, жителите раскажуваат дека целата област силно се тресела.
„Како да експлодира бомба, па се стресе во Рашиња“, е само една од реакциите на граѓаните на Хрватска.
Други пишуваат дека „силно се тресело неколку секунди“.
„Дреновец, Вараждинско Топлице. Се тресеше 2 секунди“, напишал еден од жителите.
„Убав шејк во Копривница!“, наведува друг.
„Како да ми поминува шлепер покрај мојата куќа, во Копривница сум“, истакна трет.
Текстот Земјотрес ја погоди Хрватскa: „Како да експлодира бомба“ е превземен од МАКФАКС.