Израелската армија ги повикува либанските семејства кои ги напуштиле своите домови во јужен Либан да не се враќаат. Евакуацијата започна во понеделникот кога Израел започна бран силни напади врз областите каде што дејствува Хезболах.
„До сите жители на либанските села кои ги напуштија своите домови заради сопствена безбедност поради присуството на оружје или терористички елементи на Хезболах, нападите на ИДФ продолжуваат“, напиша портпаролот на ИДФ, Авичај Адраи на X на арапски.
„За ваша безбедност, не се враќајте во вашите домови до понатамошно известување“, објави портпаролот на ИДФ.
Хотелите и апартманите во и околу либанскиот главен град Бејрут брзо се полнат додека семејствата бараат безбедно сместување. Некои луѓе спијат во привремени засолништа поставени во училиштата во Бејрут и крајбрежниот град Сидон, додека други се засолнети во автомобили и паркови.
Израелска армија: Во текот на ноќта извршивме напади во јужен Либан
Израелската војска (ИДФ) соопшти дека извршила серија напади врз цели на Хезболах во текот на ноќта. Една цел беше областа за која се тврди дека Хезболах од таму истрелал проектил во централен Израел.
ИДФ соопшти дека цел на воздушните сили на земјата биле борци на Хезболах, складишта за оружје, лансери и други цели.
„По нападот на повеќе складишта за оружје на Хезболах, идентификувани се секундарни експлозии, што укажува на присуство на големо количество оружје во објектите што беа погодени“, соопшти ИДФ.
Текстот ИДФ ги предупредува раселените либански жители да не се враќаат дома е превземен од МАКФАКС.