ИД презеде одговорност: „Нападот во Виена е дело на војник на Калифатот“

пред 3 години

Исламска држава (ИД) ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Виена во кој загинаа четири лица, а 22 се повредени.

Војник на Калифатот изврши напад со огнено оружје и мачета и уби или рани околу 30 луѓе, вклучително и полицајци, во центарот на градот во понеделникот вечерта“, објави денеска ИД на својата платформа „Нашир њуз“.

Денешниот ден по терористичкиот напад во Виена помина во присуство на бројни безбедносни сили на улиците.

Генералниот директор за јавна безбедност Франц Руф истакна дека во акцијата учествуваат 50 припадници на специјалните единици „Кобра“, 100 припадници на единицата „Вега“, како и голем број други полициски единици, но и специјалисти од антитерористичката служба.

Тој посочи дека полицијата го затворила центарот на градот и дека во договор со меѓународните партнери е засилена контролата на границите на Австрија.

Share
Scroll to Top