Избодени две деца на возраст од девет и десет години во близина на основно училиште во Германија

Избодени две деца на возраст од девет и десет години во близина на основно училиште во Германија

пред 3 месеци

Две деца на возраст од 9 и 10 години се избодени денеска во близина на основно училиште во Дисбург – Маркслох, пренесува „Билд“.

Тие биле избодени и тешко ранети од 21-годишен маж.

На местото на настанот веднаш биле испратени медицински екипи и полиција по повик на наставникот.

Како што пишува „Билд“, според првите извештаи од местото на настанот, биле нападнати кога се враќале дома од католичко основно училиште.

Напаѓачот набргу по нападот бил уапсен, а мотивот сè уште не е јасен.

Жртвите на нападот, момче и девојче, се пренесени во болница.

Текстот Избодени две деца на возраст од девет и десет години во близина на основно училиште во Германија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top