Изгоре зграда со бездомници во Шпанија, 17 лица се повредени

пред 3 години

Најмалку 17 лица се повредени во пожар што зафати напуштена зграда во која живееле бездомници, во Бадалона, на северозападот на Шпанија. Две повредени лица се во критична состојба, соопштија градските власти.

Противпожарната служба соопшти дека пожарникарите успеале да спасат околу 30 лица додека зградата горела.Шефот на Противпожарната служба Давид Бореj додаде дека пожарникарите немале време да потврдат дека зградата била празна во моментот кога се урнал покривот, поради што потрага по луѓе кои можеби останале заробени внатре е прекината, објави АП.

Пожарникарите го гаснеа пожарот цело утро, што ја зафати целата зграда.

Градоначалникот на Бадалона, Хавиер Гарсија Албиол изјави дека во зградата имало повеќе од 100 бездомници.

Share
Scroll to Top