Изгоре училиште во Нигер, загинаа најмалку 24 ученици

пред 3 години

Најмалку 24 ученици загинаа во пожар во нигериско училиште изградено од дрво и слама, кога попладнево се запалиле три училници во јужниот град Маради, изјави гувернерот Чаибу Абубакар.

Околу 80 девојчиња и момчиња се здобиле со тешки изгореници, додаде гувернерот. Засега не е позната причината за пожарот.

Според Обединетите нации, Нигер со околу 25 милиони жители е една од најсиромашните земји во светот и има една од најниските стапки на писменост во Африка.

Поради нискиот буџет за образование, нема доволно училишта во земјава, а многу се импровизирани од дрво, слама и брановиден лим. Во некои рурални средини наставата се одвива под сенката на дрвјата.

Share
Scroll to Top