Израелската војска објави дека нејзините воздушни сили извршиле напади врз Либан.
Засега тие рекоа дека не можат да дадат повеќе детали.
Воздушните напади беа извршени откако од Либан беа истрелани ракети кон северниот дел на Израел, а цел на нападот беше воената база во Сафед.
Израелските медиуми јавуваат дека најмалку едно лице загинало во нападот, а осум се повредени.
Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир изјави дека нападите на северот на земјата, кои започнаа од југот на Либан, навестуваат војна со таа земја.
Инаку, никој не ја презеде одговорноста за тој напад, но израелските медиуми наведуваат дека најверојатно е извршен од Хезболах, наведувајќи дека тоа е единствената вооружена група во Либан која има ракети кои можат да стигнат до Сафет.
Текстот Израелската армија почна воздушни напади врз Либан е превземен од МАКФАКС.