Израелската армија: Стотици Палестинци се упатија кон јужниот дел на Газа

Израелската армија: Стотици Палестинци се упатија кон јужниот дел на Газа

пред 6 месеци

Израелската армија денеска објави кратко видео, каде што се прикажани стотици жители на Појасот Газа, некои со кренати раце, а некои со бели знамиња, како одат кон јужниот дел на палестинската енклава преку патот „Салах ал-Дин“, објави „Тајмс оф Израел“.

„Ако се грижите за себе и за вашите најблиски, одете на југ според нашите упатства. Бидете сигурни дека лидерите на Хамас веќе се погрижија за себе“, напиша на арапски портпаролот на ИДФ, Авичај Адрае, на мрежата „Икс“, пренесува „Танјуг“.

Тој изјави дека патот „Салах ал-Дин“ ќе биде отворен за Палестинците да се евакуираат во јужниот дел на Газа во периодот од 13 до 16 часот, објави „Тајмс оф Израел“.

Во саботата, кога патот „Салах ал-Дин“ беше отворен кон хуманитарниот коридор, ИДФ соопшти дека Хамас наводно ја искористил ситуацијата и лансирал минофрлачи и противтенковски наведувани проектили врз војниците што работеле на отворање на патот за цивилите.

Текстот Израелската армија: Стотици Палестинци се упатија кон јужниот дел на Газа е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top