Израелската армија соопшти дека открила едно од најголемите складишта за оружје за време на копнена операција во северниот дел на Појасот Газа.
Армијата соопшти дека во близина на здравствена установа и училиште наводно се наоѓа склад со противвоздушни системи, ракети со долг дострел, експлозиви и беспилотни летала, како и дека дел од оружјето е уништено, а остатокот е пренесен во Израел за понатамошна истрага, пренесува „Тајмс оф Израел“.
„Целата терористичка инфраструктура е пронајдена во близина на цивилни згради во срцето на цивилна населба. Ова е уште еден доказ за циничното користење на жителите на Појасот Газа од страна на терористичката организација Хамас како жив штит“, соопшти израелската војска.
Израелската армија (ИДФ) го опколи домот на лидерот на Хамас Јахја Синвар во Кан Јунис, град на југот на Појасот Газа, но нема индиции дека тој се наоѓа во опколената зграда, јави саудиската телевизија „Ал Арабија“.
Текстот Израелската армија тврди дека открила едно од најголемите складишта на оружје што му припаѓа на Хамас е превземен од МАКФАКС.