Израелската војска го нападна јужен Либан

Израелската војска го нападна јужен Либан

пред 3 часа

Израелската армија соопшти дека рано денес го нападнала јужен Либан како одмазда откако Хезболах лансирал двe беспилотни летала кон израелските војници стационирани во дел од регионот што го прогласи за безбедносна зона. Израелската војска издаде предупредување за евакуација за област во близина на зграда во јужнолибанскиот град Арап Салим, велејќи дека ќе ја нападне затоа што ја користи Хезболах.

„Вие сте во близина на објект што ѝ припаѓа на терористичката организација Хезболах, против кој израелската армија ќе спроведе операции“, објави армијата во порака на арапски јазик на Телеграм, со прикачена мапа на зоната за евакуација. Немаше коментар од таа група, која е поддржана од Иран.

Завчера, израелската армија објави дека погодила магацини за оружје во јужен Либан кои биле наменети за Хезболах. Конфликтите во Либан се намалија од јуни, по рамковниот договор меѓу САД и Иран.

Сепак, Израел продолжува со спорадични воени операции на југ, каде што одржува присуство по должината на граничната лента широка околу десет километри.

Како знак на поддршка за Техеран, Хезболах започна да извршува напади врз Израел од почетокот на март, што го вовлече Либан во регионална војна. Според либанските власти, израелските одмазди досега одзедоа повеќе од 4.300 животи.

Текстот Израелската војска го нападна јужен Либан е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top