Израелска армија: Јемен истрела проектили, ги пресретнавме

Израелска армија: Јемен истрела проектили, ги пресретнавме

пред 8 месеци

Војската на Израел рано утринава извести дека сирените се огласиле во неколку области во централен Израел откако Јемен истрелал проектил.

Израел ја пресретнал ракетата пред да премине на негова територија, се додава во извештајот. Засега нема извештаи за жртви.

Група поддржана од Иран во Јемен постојано испраќа беспилотни летала и проектили кон Израел, како што вели, во знак на солидарност со Палестинците во Газа.

Текстот Израелска армија: Јемен истрела проектили, ги пресретнавме е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top