Израелскиот претседател: Време е сите Израелци да се вратат дома

Израелскиот претседател: Време е сите Израелци да се вратат дома

пред 3 месеци

Израелскиот претседател Исак Херцог на церемонијата во Тел Авив по повод една година од нападите на 7 октомври рече дека е дојдено време сите Израелци да се вратат безбедно дома по една година мака.

„Нема да бидеме потполни и цели додека не дојдат дома кај нас. Тоа е највисоката наредба, да ги донесеме дома“, додаде тој.

Херцог го пофали „другарството и братството“ во Израел во текот на изминатата година и рече дека децата ќе се вратат да си играат на улиците на Галилеја, северен Израел.

Текстот Израелскиот претседател: Време е сите Израелци да се вратат дома е превземен од МАКФАКС.