Израелски воен извор: Разгледуваме кога е вистински момент за прекин на огнот

пред 3 години

Израел проценува дали се исполнети условите за прекин на воздушните напади во Појасот Газа, но тој е подготвен да ја продолжи операцијата и во наредните денови, изјави израелски воен извор за АФП.

„Разгледуваме кога е вистинското време да се прекине огнот“, изјави извор кој не сакаше да биде именуван, објави „Би-би-си“.

Воени извори додаваат дека Израел проценува дали е исполнета целта за објективна деградација на борбената способност на Хамас.

„Прашањето е дали Хамас ја разбира оваа порака – односно дека истрелувањето ракети кон Израел не смее да се повтори“, рече изворот.

Палестинскиот новинар Јусеф Абу Хусеин е убиен во воздушен напад врз Газа во текот на ноќта, јави палестинската агенција ВАФА.

Уште три лица загинаа во напад врз куќа во западниот округ Ел Римал, се додава во извештајот.

Израелската армија соопшти дека ја гаѓала мрежата на тунели на Хамас во областа.

Share
Scroll to Top