Израелски функционер: Ковид-19 веројатно никогаш нема да исчезне

пред 2 години

Генералниот директор на Министерството за здравство на Израел, Нахман Еш, денеска изјави дека Ковид-19 веројатно никогаш нема да исчезне додека новата под-поделба на омикрон БА.2 продолжува да се шири во светот.

„Новооткриениот коронавирус не исчезна и најверојатно нема да исчезне“, рече Еш.

Подтипот на омикрон, за кој се верува дека е позаразен од веќе високо заразниот омикрон, сè уште е застапен кај мал број случаи во Израел.

„Постојано ќе се појавуваат нови варијанти. Важно е да се обидеме да бидеме подготвени, да ги следиме новите соеви и да процениме колку тие можат да бидат опасни“, рече генералниот директор на израелското министерство.

Речиси 44.000 нови случаи на инфекција со коронавирус се регистрирани во понеделникот во Израел, направени се околу 182.000 тестови, а позитивноста е 24 отсто, покажуваат податоците на Министерството за здравство.

Ова е 36-та недела по ред како во таа земја се дијагностицираат повеќе од 10.000 случаи на инфекција дневно, јавуваат израелските медиуми.

Од почетокот на пандемијата во Израел, починале 9.226 луѓе.

Повеќе од 673.000 Израелци ја примиле четвртата доза од вакцината против коронавирус, околу 4.450.000 примиле три дози, а нешто повеќе од 6.100.000 примиле две дози од вкупното население од 9,4 милиони.

Share
Scroll to Top