Израел го отвори преминот за да може Газа да добие помош

пред 4 години

Израел денес го отвори преминот Керем Шалом за да дозволи помош да пристигне во палестинскиот Појас Газа, објавија израелските медиуми.

Преминот се наоѓа на границата на Газа, Израел и Египет и е важен премин за надворешна трговија и патувања, пренесува „Би-би-си“.

Додека конфликтот ескалираше во текот на оваа недела, Израел отвори премин за Газа да добие хуманитарна помош, но Керем Шалом беше затворен повторно многу брзо.

Израелците како причина за затворањето наведоа дека палестинските сили пукале со минофрлачи кон областа.

 

Share
Scroll to Top