Првите израелски заложници што ги држеше Хамас во Појасот Газа нема да бидат ослободени до петок, изјави претседателот на израелскиот Совет за национална безбедност, Чахи Ханегби, откога израелските и претставниците на Хамас соопштија дека привременото примирје и договор за размена на заложници ќе стапи во сила утре наутро.
„Преговорите за ослободување на нашите заложници постојано напредуваат. Ослободувањето ќе почне во согласност со пробниот договор на страните, а не пред петок“, рече Ханегби, а пренесува „Тајмс оф Израел“.
Високиот функционер на Хамас Муса Абу Марзук претходно изјави дека договорот за привремено примирје и размена на заложници ќе стапи во сила денеска во 10 часот, што на новинарите неколку часа подоцна им го потврди и висок израелски функционер, кој побара да остане анонимен.
Хамас и Израел со посредство на Катар постигнаа договор за привремено примирје и размена на 50 израелски заложници киднапирани на 7 октомври за 150 Палестинци, кои моментно се наоѓаат во израелските затвори.
Текстот Израел: Ослободувањето на заложниците нема да почне пред петок е превземен од МАКФАКС.