Израел постепено ќе премине во нова фаза од своите операции во Газа, при што локалното население прво ќе може да се врати на север од крајбрежниот појас, изјави израелскиот министер за одбрана.
„Можам да ви кажам дека наскоро ќе можеме да направиме разлика помеѓу различните области на Газа“, рече израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за време на заедничката прес-конференција со неговиот американски колега Лојд Остин во Тел Авив.
„Во секоја област каде што ја завршуваме мисијата, ќе можеме постепено да преминеме во следната фаза и да почнеме да работиме на враќање на локалното население“, рече Галант.
„Тоа значи дека на север ќе се постигне побрзо отколку на југ“.
Американскиот секретар за одбрана, исто така, рече дека не дошол во Израел за да го диктира распоредот на израелската воена кампања, туку разговарал за промена на операции со помал интензитет.
„Тоа не значи крај на операциите. Понекогаш тоа значи дека треба да бидете попрецизни, треба да бидете повеќе фокусирани на одредена цел“, рече тој. Остин повика на поголема хуманитарна помош за палестинските цивили во Појасот Газа за време на состанокот со Нетанјаху во понеделникот, според израелски извори.
Текстот Израел: Постепено ќе преминеме во нова фаза од војната во Газа, ќе ги враќаме луѓето на север е превземен од МАКФАКС.