Израел почна со бесплатна вакцинација на странски државјани

пред 4 години

Десетици баратели на азил и странски работници во израелскиот град Тел Авив чекаа во ред за да ја примат првата доза на вакцината против Ковид-19, како дел од иницијативата за имунизација на странски државјани.

Градското собрание на Тел Авив и Медицинскиот центар Сораски започнаа бесплатна вакцинација на странски државјани, од кои многумина се баратели на азил без документи.

Меѓу примателите на вакцините имало странски работници од Филипини, Молдавија и Нигерија, како и судански и еритрејски баратели на азил.

Израел прави напори да го вакцинира мнозинството од своето население од крајот на декември лани. Минатата недела тие ја направија вакцината достапна за сите граѓани постари од 16 години.

До денес со една доза од вакцината на „Фајзер“ се вакцинирани повеќе од 3,5 милиони луѓе, а најмалку 2,1 примиле и втора доза.

Share
Scroll to Top