Илон Маск прогласен за личност на годината и на листата на „Фајненшл тајмс“

пред 2 години

Извршниот директор на компанијата „Тесла“, Илон Маск е избран за личност на годината во лондонскиот весник „Фајненшл тајмс“.

Истото признание Маск го доби и од магазинот „Тајм“ пред два дена.

Во соопштението на „Фајненшл тајмс“ се наведува дека Маск е избран затоа што направил историска промена во светската автомобилска индустрија, од класични во електрични возила, објави „Ројтерс“.

„ По долго време, остатокот од автомобилската индустрија практично се нарекува „Тесла“ – ги цитира весникот зборовите на Маск од неодамнешното интервју.

Share
Scroll to Top