Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев победи на претседателските избори со повеќе од 90 отсто од гласовите, изјави претседателот на Централната изборна комисија, Мазахир Панахов.
Државната новинска агенција Азертак објави изјава на Панахов, кој рече дека Алиев освоил 92,05 отсто од гласовите, откако беа преброени повеќе од 93 отсто од гласовите.
Официјалните лица соопштија дека излезноста на вчерашните избори била околу 76 отсто.
Текстот Илхам Алиев е реизбран за претседател на Азербејџан, освои 92,05 отсто од гласовите е превземен од МАКФАКС.