Индискиот вид на коронавирусот се шири во Лисабон

пред 3 години

Португалските власти соопштија дека новиот вид на коронавирус, делта сојот, е одговорен за големото зголемување на бројот на заразени лица во регионот на Лисабон.

Националниот институт за здравство соопшти дека многу заразниот индиски вид опфаќа 60 проценти од новите случаи во Лисабон.

Поради неодамнешното зголемување на бројот на заразени, властите минатата недела ги забранија сите патувања во Лисабон и надвор од главниот град за време на викендот.

Оваа мерка стапи на сила во петокот и ќе трае до утре наутро.

Лисабон има околу 2,8 милиони жители.

Share
Scroll to Top